Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура и годинава продолжуваат со започнатиот проект „Кич, да!?/сте или не/“.
Седма година по ред проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворањето на изложбата на фотографии под наслов: „Манаки фотографии одблиску“, која ја подготви Роберт Јанкуловски.
Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзирана лабораторија на Македонскиот центар за фотографија, а материјалот го отстапил Државниот архив на Македонија. Изложбата денеска ќе биде отворена во 12 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.