| четврток, 6 декември 2018 |

Место кое ги отвора вратите за целиот свет

Патување на кое сигурно ќе искусите нешто различно. Градот на сите чуда, Дубаи, ви е на дофат.

Дали знаевте? Таму се наоѓа највисокиот облакодер на светот – Бурџ Калифа.

Burj Khalifa (25)

Бурџ Калифа

Што да правите? Има толку многу начини да го поминете вашиот одмор тука: можете да купувате до изнемоштеност, да сурфате на песочните дини, да јавате на бранови, да ги посетите плажите и многу други работи. Дубаи се смета дека е рај за шопинг со причина; тој е дом на голем број светски познати трговски центри, како и на реномираниот Дубаи Шопинг Фестивал. Дубаи исто така е дом на голем број на песочни плажи, но една од најубавите е Џумеира плажата. Градете замоци во песокот или посетете ги водените атракции или пак скокнете во џип за пустинско сафари.

SAFARI_T

Сафари

Каде да се престојува: Дубаи нуди голем број на различни опции за сместување што опфаќаат лукзусни и импресивни објекти, совршени и за најмладите, поради забавниот дел што се нуди во нив.

Истовремено и тематски парк и хотел, „Атлантис палм“ хотелот е базиран на концептот на митски изгубен подводен град, каде исто така се наоѓа и водниот парк „Аквавентур“ и Заливот на делфините, каде се дружите со овие загрозени цицачи. Алтернативно, повлечете се во светот на раскошната елеганција во „Армани“ хотелот во Дубаи, првиот хотел на светот дизајниран и развиен од Џорџо Армани.

Aerial views for Dubai

Хотелот „Атлантис палм“

Каде да јадете: кулинарската сцена на Дубаи е една од најразновидните во светот. Луѓе од околу 180 националности живеат во Емиратите, така што може да јадете од било која кујна во светот.

Bocuse d'Or Cuisine Competition Final

Топ предлог: Доколку никогаш не сте скијале или пак ви е здодевно од излежување на плажа, зошто не би се упатиле кон најголемиот затворен ски-центар лоциран во Дубаи, Трговскиот центар на Емиратите.

UAE DUBAI SKI

Затворениот ски центар

 Како до Дубаи: „Флајдубаи“ е најлесниот начин да си го овозможите ова луксузно бегство. Директниот лет Скопје-Дубаи, го прави сето ова многу лесно и евтино. Започнете го вашиот луксузен одмор со летот со најпристапниот авиопревозник, кој истовремено е и најудобен. „Флајдубаи“ направи револуција во сместувањето на патниците, со подобрени стилски седишта и зголемена забава за време на летот.

flydubai Aircraft.Sky Interior.IFE

Авион на „Флајдубаи“

Системот за забава за време на летовите на „Флајдубаи“, со повеќе од 1000 часови нон-стоп забава ги вклучува последните остварувања, достапни во HD, од Холивуд и Боливуд, како и филмови на арапски и англиски. Електронскиот читач на „Флајдубаи“ овозможува пристап до 53 дневни весници на седум јазици и ги вклучува водечките светски случувања на „Волстрит журнал“ и други интернационлани списанија и сега е достапен и во бизнис и во економска класа. „Флајдубаи“ го лансираше својот нов бренд идентитет на арапскиот пазар за патувања во мај, отсликувајќи го духот на авиокомпанијата во овозможувањето на туризмот и трговијата. Еволуцијата на брендот е градена на доверба и конзистентност преку искуството на потрошувачите и зголемена со иновација на производите, која е видлива и во економската и во новата бизнис класа на „Флајдубаи“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top