| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува изложба за Шерлок Холмс во Лондон

шерлок холмс

Музејот на град Лондон оваа есен ќе организирра посебна изложба посветена на Шерлок Холмс.

Музејот соопшти дека на изложбата посветена на викторијанскиот детектив кој го создаде сер Артур Конан Дојл, ќе бидат изложени различни предмети  – од ракописи на Дојл до палта на Бенедикт Камбербач кој ги носи во серијата „Шерлок“.

Ова е првпат музејот да организира изложба посветената на фиктивен лик, пишува агенцијата АП и додава дека Холмс е еден од оние ретки ликови кои го преживеаја својот автор и уште ја интригираат публиката.

– Многу луѓе мислат дека тој е вистинска личност – вели кустосот Алекс Вернер и додава дека новите генерации го откриваат Холмс благодарејќи на адаптацијата на „Би-би-си“ која ја сними серијата.

Изложбата се отвора на 17 октомври и ќе трае до 12 април.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top