Њуjорк се соочува со најскапата тужба што некогаш е поднесена против градот.
Имено, 62-годишниот Антон Пурисима го тужи Њујорк за два секстилиона долари, сума, која вклучува 36 нули.
Пурисима во градски автобус бил каснат на прстот од куче. Кога заминал во болница, неколку Кинези го фотографирале без дозвола, а кафето на аеродромот „Ла Гвардија“ му било прескапо.
Поради сето тоа и уште неколку други работи, како што пренесува британски „Гардијан“, Пурисима поднесе тужба против градскиот превоз во Њујорк, аеродромот, две клиники, еден супермаркет и пекара.
Сѐ што тој претрпел, не можело да биде компензирано со пари, поточо рекорната сума што тој ја побарал како оштета не постои во светот.
Пурисима не му е непознат на судот затоа што, меѓу другото, има поднесено, но без успех, тужба против Кина, како и против неколку американски банки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.