Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ утре напладне ќе се одржи промоција на книгата „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ од Стојан Андов. За најновото дело на познатиот политичар, публицист и прозен автор ќе говори проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова.
Стојан Андов во последниве десет години по активното повлекување од политиката ги објави мемоарските дела: „На мој начин“, „Источни патувања“ и „Од мој агол“, како и романите „Стравот и љубовта“, „Кицо американецот“ и „Враќањето на Американецот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.