На утрешната седница на Владата на Република Македонија ќе биде донесена одлука данокот на додадена вредност од испратените донации да се пренамени како нова донација.
Имено, како што посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, и тие ќе бидат испратени како помош за Србија и за БиХ.
Со последните законски измени ваквата пренамена на ДДВ е дозволена ако станува збор за цел од јавен интерес.
За таквиот чекор е потребно да се достави барање до Министерство за правда, а досега тоа не било направено поради краткиот рок во кој се донесе одлука да се започне хуманитарна акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.