| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски во ќор-сокак: И странците го оставија сам

Бојкотот на локалните избори - самубиствена политика на СДСМ, која може само да го забрза падот на Бранко Црвенковски, и бришење од политичката сцена на лидерите од помалите политички партии од „Сојузот на иднината“

3-мускетари-во-карпош
Ли­де­рот на СДСМ, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, го убе­ду­вал членс­тво­то де­ка стран­ци­те се на стра­на на СДСМ и де­ка не са­ка­ат вед­наш да го трг­нат Ни­ко­ла Гру­ев­ски ту­ку одат пре­ку со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, по­ле­ка, но си­гур­но. Оваа те­за де­но­ви­ве ин­тен­зив­но се ши­ри во опо­зи­ци­ски­те по­ли­тич­ки кру­го­ви. Не­што слич­но се збо­ру­ва­ше и пред пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2011 го­ди­на ко­га СДСМ за­гу­би од ВМРО-ДПМНЕ…

Фру­стра­ци­и­те, гне­вот и бе­сот, кои се вид­ли­ви во ре­до­ви­те на СДСМ отка­ко по­ми­на и нај­ма­ла­та шан­са за учес­тво на пар­ти­ја­та на прет­стој­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри, Бран­ко Цр­вен­ков­ски се оби­ду­ва да ги ка­на­ли­зи­ра во уште по­го­ле­ма ра­ди­ка­ли­за­ци­ја, ко­ја би до­жи­ве­а­ла кул­ми­на­ци­ја на 24 март. Се стра­ху­ва де­ка из­бор­ни­от про­цес ќе би­де спре­чен од „от­пор­ни­ци­те “, а де­но­ви­ве се оче­ку­ва да дој­де и до пов­ле­ку­ва­ње на нив­ни­те чле­но­ви од ДИК, ка­ко и на нив­ни­те прет­став­ни­ци од из­бор­ни­те ор­га­ни и, на крај, не­приз­на­ва­ње на ре­зул­та­ти­те од гла­са­ње­то и ба­ра­ње за нив­но по­ни­шту­ва­ње. Си­те овие оп­ции се мно­гу ве­ро­јат­ни за­што дејс­тву­ва­ње­то на СДСМ оди во пра­вец за соз­да­ва­ње ха­ос, а иде­ја­та е вме­шу­ва­ње на стран­ци­те за да ја вра­тат опо­зи­ци­ја­та на власт без из­бо­ри.

…………………………………………………………….

Ја­ки­мов­ски му за­би нож во грб на Цр­вен­ков­ски

Во јав­но­ста кру­жат нај­раз­лич­ни ин­фор­ма­ции за­што до­нел та­ква од­лу­ка, а најм­но­гу од тие во­дат до не­го­ви­те ре­ла­ции со учи­ли­шта­та, про­е­кти­те со нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, при­ти­со­кот од  ад­ми­ни­стра­ци­ја­та во оп­шти­на­та, чи­ја­што ег­зи­стен­ци­ја за­ви­си од не­го­во­то про­дол­жу­ва­ње со гра­до­на­чалс­тву­ва­ње­то со Кар­пош, пла­но­ви за но­ви го­ле­ми град­би за кои се пред­ви­де­ни фи­нан­си­ски средс­тва на ло­ка­ци­ја­та на по­ра­неш­на­та ка­сар­на „Илин­ден“. Лич­ни­от ин­те­рес зат­скри­ен зад ин­те­ре­си­те на гра­ѓа­ни­те на Кар­пош пре­ов­ла­да и кај Ја­ки­мов­ски, кој, пак, ва­жи за чо­век во кој те­шко мо­же да се има до­вер­ба, што, мо­же­би, бе­ше при­чи­на да не би­де кан­ди­дат на опо­зи­ци­ја­та за град Скоп­је, ту­ку за Кар­пош, по­ра­ди не­го­во­то ме­ну­ва­ње на пар­тии и на ста­во­ви…

 

Целата анализа можете да ја прочитате во неделникот „Република“ кој излегува во петок на 22 февруари…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top