Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, го убедувал членството дека странците се на страна на СДСМ и дека не сакаат веднаш да го тргнат Никола Груевски туку одат преку социјалдемократите, полека, но сигурно. Оваа теза деновиве интензивно се шири во опозициските политички кругови. Нешто слично се зборуваше и пред предвремените парламентарните избори во 2011 година кога СДСМ загуби од ВМРО-ДПМНЕ…
Фрустрациите, гневот и бесот, кои се видливи во редовите на СДСМ откако помина и најмалата шанса за учество на партијата на претстојните локални избори, Бранко Црвенковски се обидува да ги канализира во уште поголема радикализација, која би доживеала кулминација на 24 март. Се страхува дека изборниот процес ќе биде спречен од „отпорниците “, а деновиве се очекува да дојде и до повлекување на нивните членови од ДИК, како и на нивните претставници од изборните органи и, на крај, непризнавање на резултатите од гласањето и барање за нивно поништување. Сите овие опции се многу веројатни зашто дејствувањето на СДСМ оди во правец за создавање хаос, а идејата е вмешување на странците за да ја вратат опозицијата на власт без избори.
…………………………………………………………….
Јакимовски му заби нож во грб на Црвенковски
Во јавноста кружат најразлични информации зашто донел таква одлука, а најмногу од тие водат до неговите релации со училиштата, проектите со невладините организации, притисокот од администрацијата во општината, чијашто егзистенција зависи од неговото продолжување со градоначалствувањето со Карпош, планови за нови големи градби за кои се предвидени финансиски средства на локацијата на поранешната касарна „Илинден“. Личниот интерес затскриен зад интересите на граѓаните на Карпош преовлада и кај Јакимовски, кој, пак, важи за човек во кој тешко може да се има доверба, што, можеби, беше причина да не биде кандидат на опозицијата за град Скопје, туку за Карпош, поради неговото менување на партии и на ставови…
Целата анализа можете да ја прочитате во неделникот „Република“ кој излегува во петок на 22 февруари…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и народот – Има разлика!
-
Јакимовски: Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање!
-
Црвенковски кратеше трошоци, Заев купува лимузини: Ништо од домаќинлакот на Заев!
-
Заев: Со Црвенковски се немаме слушнато за договорот со Грција за името