| четврток, 6 декември 2018 |

Гробарите и Делиите тргнуваат во одбрана на Шабац од поплава

Навивачите на Партизан и Црвена Ѕвезда со заедничка организација вечерва тргнуваат за Шабац каде постои голема опасност од излевање на реката Сава.

grobari-i-delije-1371551451-327097

На повикот од премиерот на Србија, Александар Вучиќ, да се најдат 1.500 доброволци од Белград кои ќе помогнат да се одбрани Шабац се одзвале навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан.

И „Гробарите“ и „Делиите“ се организирале преку социјалните мрежи и уште од вечерва со автобуси ќе тргнат за Шабац.

Нивото на реката Сава во Србија се повеќе се зголемува што предизвикува голем ризик, а во Шабац веќе се поставени неколку пунктови на кои се ставаат вреќи со песок кој треба да помогнат во заштитата од излевањето на Сава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top