На најголемотото фудбалско дерби кај северниот сосед, вчера се случи голем инцидент во кој најдебелиот крај го извлекоа група навивачи на Партизан. Иако најпрво дел од медиумите јавија дека нападнати биле навивачи на Црвена Ѕвезда, случајот бил поинаков бидејќи фракција на „Гробарите“, навивачката група Вандал Бојс, неуспешно се обиделе да ја преземат јужната трибина.
Инцидентот се случил околу 15 минут по почетокот на мечот кога тие, идентично облечени во црни дуксери со бело околу ракавите, ги нападнале „Гробарите“ на јужната трибина. Целиот стадион мислел дека се работи за навивачи на Ѕвезда, па скандирале против нив за време на инцидентот.
Сепак, тоа не било случај, па откако нападот на фракцијата се покажал како неуспешен, навивачите на Партизан на јужната трибина брутално ја претепале групата, голем дел од нив ги соблекле и голи и ги гореле со бакљи. Така соблечени, дел од Вандал Бојси останал на долниот дел трибината каде кон нив фрлале со столици, а другиот дел голи чекале на атлетската патека.
За кратко полицијата ги привела, а целиот стадниот скандирал и им фатил сеир на Вандал бојс. „Пучистите“ завршиле со тешки повреди, крвави, голи и со отечени лица, а еден од нив синоќа бил инто примен на Ургентен центар бидејќи бил во животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.