| четврток, 6 декември 2018 |

Обреновац поплавен, жителите евакуирани (видео)

State of emergency declared due to flooding in Serbia

Во Обреновац досега се евакуирани 2.510 лица. Мостот преку кој се влегува во градот може да се урне во секој момент. Обреновац е целосно поплавен.
Реката Колубара, која утринава се излеа, го натерала населението на итна евакуација, а постои закана дека мостот на влезот од градот ќе се урне.

Како драматична и напната ја опишуваат српските медиуми ситуацијата во Обреновац. Центарот на градот е целосно поплавен, а водата во некои делови ги прекрила покривите на куќите. Загрозените жители ги евакуираат војската, пожарникарите и полицијата со чамци и со хеликоптери.

Наскоро се очекува да пристигнат 20-30 руски специјалци, а според последните информации евакуирани се 2.510 лица. Во тек е евакуација на уште 1.400 жители. Поплавени се над 900 објекти, а загрозени се уште 1.388.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top