Со концерт на Каролина Гочева, вчеравечер во историското Крушево официјално беше отворена манифестацијата „Град на културата за 2014 година“.
Манифестацијата, која се одржува под покровителство на Министерството за култура, ќе ја прогласи за отворена министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
– Да се зборува за Крушево значи да се зборува за сопствената историја, традиција и култура. Крушево е град музеј, град кој изобилува со историски зданија кои се одек од минатото и потврда за непроценливото културно наследство на нашата држава. Секој посетител на Крушево лесно може да може да проникне во богатството на нашата традиција, убавините на нашата уметност и култура, историските придобивки, посетувајќи го Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република, да го доживее духот на историјата низ манифестацијата „Крушево етно град“, да ја посети реновираната галерија на основоположникот на современата македонска ликовна уметност крушевчанецот Никола Мартиноски, Музејот на НОВ, споменичните одбележја на боиштето на Слива, Мечкин Камен, востаничката леарница, ревитализираната и автентичната староградска архитектура и секако монументалното здание на музејот на Тоше Проески.
Локалниот културен развој на Крушево и презентацијата на културно-историските вредности се наши приоритети и токму затоа во наредниот период, Министерството за култура и надлежните институции ќе реализираат уште многу проекти со кои овој град ќе се потврди како достоен репрезент на македонскиот идентитет и култура. Покрај обновата на фасадите на амбиенталната староградска крушевска архитектура, соодветната заштита на споменичниот комплекс „Илинден“ и на црквата „Св. Јован“, збогатувањето и обновата на музејските поставки на Музејот на Илинденското востание и галеријата „Никола Мартиновски“ ќе реализираме уште многу активности кои заедно со културните содржини кои се дел од манифестацијата „Град на културата“ ќе го испровоцираат вниманието на нашите граѓани и посетителите од целиот регион, рече Канчевска-Милевска.
Крушево, како единаесетти град-организатор на оваа значајна културна манифестација, ќе понуди богата културна програма со конкретни квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности на културата, која ќе биде реализирана во установите, на плоштадот во централното градско подрачје, на Крушевското Езеро и споменикот Илинден. Во програмата, во која ќе учествуваат уметници од сите генерации, во текот на целата година ќе бидат презентирани над 60 настани, меѓу кои и традиционални фестивали и манифестации, литературни читања, изложби на реномирани уметници, концерти на духовна музика, промоции и театарски фестивал на млади актери, а ќе бидат одбележани и значајни јубилеи на личности и дела.
Реализацијата на манифестацијата „Крушево – град на културата за 2014 година“ ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, за достапност на културните вредности до граѓаните, како и за заживување на културата на локално ниво, а ќе се поттикне културниот туризам во регионот.
Досега домаќини на ова случување, кое придонесува за создавање рамномерен културен развој, беа Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците