| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката Канческа-Милевска на проба пред хуманитарниот концерт за „Трескавец“

kanceska-milevska-elizabeta

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утре ќе се оддржи концерт на Ансамблот „Танец“, а како гости на вечерта ќе настапат познатите имиња на македонската фолк естрада: Блага Петреска и Сузана Спасовска. На пробата пред утрешниот хумнитарен концерт за манастирот „Трескавец“ најавено е присуството на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Наредните денови во овој културен центар ќе следуваат театарските претстави кои ќе се одвиваат секојдневно. Манастирскиот комплекс Трескавец – e еден од најголемите културни богатства на Македонија, a посебно место има во срцето на секој прилепчанец. Граѓаните на Прилеп масовно одговорија на повикот на координативното тело за возобновување на конаците на манастирот Трескавец и неуморно го расчистуваат теренот и спроведуваат повеќе активности за што побрзо рехабилитирање на ова културно богатство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top