Популарниот хонгконшки актер Џеки Чен се најде на мета на критиката откако преку кинеската телевизија рече дека Америка е најкорумпираната земја на свтеот.
– Кога зборувате за корупција во целиот свет, постои ли корупција во САД? Најкорумпирани се во светот! -изјави Чен.
Тој додаде дека свтската криза почнала од САД.
Оваа изјава на актерот ја критикуваа Американците, кои сметаат дека неговите коментари се само рефлексија на вообичаеното гледање на Кина кон САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.