| четврток, 6 декември 2018 |

Џеки Чен доби „Оскар“

Кога Џеки Чен пред 23 години ја видел наградата „Оскар“ во домот на Силвестер Сталоне, си ветил себеси дека еден ден и тој ќе има негова златна статуетка.

Кинескиот актер и мајстор на борачки вештини, конечно на свеченост во саботата ја доби оваа престижна награда, во форма на почесен „Оскар“ за придонес во филмската уметност.

– По 56 години во филмската индустрија, повеќе од 200 снимени филмови, исто толку скршени коски. Конечно – изјави 62-годишниот Чен на гала-вечерата во Лос Анџелес, цврство држејќи го во рацете неговиот „Оскар“.

Тој му заблагодари на неговиот роден Хонг Конг, кој го направил „горд Кинез“ и на неговите обожаватели, велејќи дека тие се причината поради која тој „продолжи да снима филмови, да скока низ прозорци, да тепа и да прима удари и да крши коски“.

Американската академија на филмска уметност на годишната свеченост почесни „Оскари“ додели и на британската филмска уредничка Ен В. Коатс, кастинг директорката Лин Сталмастер и на документаристот Фредерик Вајсман.

На ова престижно случување присуствуваше речиси целата холивудска елита, вклучувјќи ги Дензел Вашингтон, Лупита Нјонго, Никол Кидман, Ема Стоун, Рајан Рејнолдс, Ејми Адамс и Дев Пател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top