Можеби затоа што на нашите телевизии често гледаме репризи од неговите хит-филмови, па ова издание на Џеки Чен е баш изненадувачко. Актерот, кој неодамна влезе во седмата деценија од животот, личи на своите години.
Неодамна во Лондон, тој ги изненади сите што го сретнаа. Подостарен и збрчкан, ова не е Чен на кого сите сме навикнале. Но, неговите вештини сигурно не изблднале. Наскоро ќе може да ги гледаме во новиот филм „Странец“, кој сега го снима заедно со Пирс Броснан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.