Актерот и мајстор на источните борачки вештини Џеки Чен ќе добие „Оскар“ за животно дело, објави во четвртокот Академијата за филмски уметности и науки.
Џеки Чен, роден пред 62 години во Хонгконг, играше во холивудските филмови како „Кунг Фу Панда“ и „Карате Кид“. Тој ќе им се придружи на другите добитници на оваа награда годинава, режисерот на документарни филмови Фредерик Висман, британската монтажерка Ен Коатс и директорката за кастинг Лин Стејлмастер.
Сите тие на гала-вечерта во Лос Анџелес во ноември ќе ја примат почесната статуетка „Оскар“ со која се оддава признание на нивниот севкупен придонес во филмската уметност. Претседателката на Академијата, Шерил Бун Ајсак, во соопштението ги нарече „вистински пионери и легенди во својот занает“.
Чен во својот прв филм се појавил веќе како осумгодишник, а глумеше и понекогаш режираше во повеќе од 30 боречки филмови во Хонгконг и досега немаше „Оскар“.
Магазинот „Форбс“ во август го прогласи Џеки Чен за вториот најплатен актер на светот. Во 2016 година заработил 61 милион долари, малку помалку од ѕвездата на „Брзи и жестоки“, Двејн Џонсон, со 64,6 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.