Според американските медиуми, Кортни Лав, вдовицата на Курт Кобеин, дошла до ситуација да го распродава неговиот имот за да преживее.
Контроверзната музичарка сега ги продава авторските права на еден албум на Кобеин, чиј наслов не се открива, на лондонска аукција за 18.000 евра.
Лав не крие дека поголемиот дел од парите го потрошила на дрога и на забави. Лав и Курт имаат едно дете, ќерката Френсис Бин, која со години не е во добри односи со мајка си.
Кобеин изврши самоубиство во 1994 година, но неговата трагична смрт сѐ уште е предмет на многу теории.
Легендарната гранџ-група „Нирвана“ оваа година е примена во Салата на славните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.