| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена фотографска изложба на „Фото Кино Клуб Битола“ во Охрид

izl

Надоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, Фото Кино Клуб Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Поточно, пренесувајќи ја идејата дека фотографијата покрај документарните својства, може да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување, кое веќе подолго време во светот а и кај нас се наметнува како посебна уметничка дисциплина. Придржувајќи се до овие начела членовите од Фото Кино Клуб Битола во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид ќе се претстават за прв пат пред охридската јавност со своја клупска изложба на уметнички фотографии наречена „Погледи”.
Изложбата е отворена галеријата на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.
Ова не е прва соработка на битолските фотографи и АРТерија, претходно дел од членовите на ФКК Битола учествувале со свои дела на изложбата “Низ окуларот на времето” посветена на градот Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top