Златната акција на ВМРО-ДПМНЕ наречена Стевче Јакимовски мора постојано да ја докажува својата употребна вредност, реагираат од СДСМ на изјавите од Јакимовски дека Зоран Заев му се јавувал на премиерот Груевски за локалните избори.
– Коалицинерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, а многу веројатно и во Собранието на РМ, ја лаже македонската јавност дека за време на локалните избори 2013 година, Зоран Заев му се јавувал на Никола Груевски за продолжување на рокот за кандидирање на тие избори. Зоран Заев ниту му се јавил на Никола Груевски, ниту имал мандат од неговата матична партија тоа да го прави, бидејки во тоа време не бил претседател на СДСМ – се вели во соопштението на СДСМ.
Од најголемата опозициска партија велат дека за ставовите на Зоран Заев при донесувањето на одлуките на органите и телата на СДСМ, говорат записниците во партијата, што недвосмислено потврдуваат дека тој безрезервно стоел и ги поддржувал сите одлуки на раководството пред и за време на локалните избори 2013 година.
-Груевски знае дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги открие до крај сите криминали на Никола Груевски, на припадниците на неговото семејство и неговите најблиски соработници и дека тоа ќе резултира со создавање услови за фер и демократски избори. На тие избори, СДСМ ќе ја добие довербата од граѓаните на Република Македонија, којашто веќе постои – велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.