Лидерот на СДСМ, Зоран Заев при гостувањето во емисијата „Вин Вин“ кај Оливера Трајковска на телевизијата „24 вести“, признава дека социјалдемократите би ги изгубиле предвремените парламентарни избори и доколку тие биле фер и демократски.
На прашањето на Трајковска, „Да беше се фер и коректно на изборите, кој резултат ќе го изборевте?“, Заев вели дека ќе освоеле 20-30 илјади гласа помалку од ВМРО-ДПМНЕ.
-Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости – вели Заев.
Заев вчера ја доби довербата на Конгресот на најголемата опозициска партија. Поддршка за Заев дале 413 делегати, додека против гласале 176. И покрај катастрофалниот пораз на предвремените парламентарни избори со 200.000 гласа разлика, што е втор во историјата бидејќи потежок пораз има доживеано само Шекеринска во 2008 година, двоецот на СДСМ остана на чело на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.