Откако пред една година вереникот ја оставил на неколку недели пред венчавката бидејќи била дебела, 31-годишната Памела Дојл решила да преземе нешто во својот живот. И, ослабнала ни повеќе ни помалку ни повеќе 45 килограми. Шкотлаѓанката сега има 62 килограми.
– Вереникот ме остави бидејќи имав проблеми со прекумерната тежина. Не можев да престанам да јадам брза храна, помфрит и да пијам газирани пијалоци. Се криев од сите, бидејќи ми беше срам. Купував преку интернет за да не среќавам луѓе. Сега се чувстувам неверојатно. Ми се врати самодовербата. а посебна сатисфакција ми беше кога се сретав со поранешниот вереник. Тој беше во шок – изјави Памела за „Дејли маил“.
Таа со своето момче почнала да се забавува на 17 години и кога имала нормална килажа. Но, лошите навики во исхраната го направиле своето и таа почнала да се дебелее. Поранешното момче ја терало да слеабее, но таа не сакала да држи никакви диети.
– Бев очајна кога ме остави, но на крај испадна дека токму тоа ми беше потребно за да ослабам – задоволно вели Дојл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


