Мексиканската актерка Летиција Калдерон, кај нас позната по улогата на слепата Есмералда во истоимената серија, деновиве ужива со нејзиниото ново момче.
Седум години по нејзиниот развод, 45-годишната Калдерон од неодамна е во врска со двојно помладиот колега Хозе Ајала. Заедно со нејзините две деца, Луцијано(10) и Карло (9), Калдерон и Ајала го поминаа одморот заедно во Акапулко, Мексико.
Во моментот Калдерон не снима ништо, а последно беше наградена за нејзината улога како главнен негативец во серијата „Храбра љубов“ од 2012 година.
„Есмералда“ во 1999 година беше една од првите латинскоамерикански серии, кои се прикажуваа во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.