Во Македонската опера и балет (МОБ) вечерва ќе биде изведена претставата „Есмералда“ работена според романот „Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго.
Во улогата на Есмералда ќе настапи примабалерината Александра Мијалкова, додека во улогата на Феб, првенецот Васил Чичијашвили. Останатите улоги им се доверени на Ивана Коцевска, Киро Павлов, Драган Кочоски, Билјана Пашариковска и Цветанка Максимовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.