| четврток, 6 декември 2018 |

Есмералда има двојно помладо момче (ФОТО)

Мексиканската актерка Летиција Калдерон, кај нас позната по улогата на слепата Есмералда во истоимената серија, деновиве ужива со нејзиниото ново момче.

leticia-calderon-jose-ayala02

Седум години по нејзиниот развод, 45-годишната Калдерон од неодамна е во врска со двојно помладиот колега Хозе Ајала. Заедно со нејзините две деца, Луцијано(10) и Карло (9), Калдерон и Ајала го поминаа одморот заедно во Акапулко, Мексико.

Во моментот Калдерон не снима ништо, а последно беше наградена за нејзината улога како главнен негативец во серијата „Храбра љубов“ од 2012 година.

leticia-calderon-nisn

„Есмералда“ во 1999 година беше една од првите латинскоамерикански серии, кои се прикажуваа во Македонија.

esmeralda

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top