Македонската фудбалска репрезентација го задржа 80. место на новата ранг-листа на ФИФА. Како што беше најавено и претходно, Македонија нема да има напредок без одигран натпревар. Подобрувањето на рејтингот на нашата репрезентација ќе зависи од пријателските натпревари со Камерун, кој е учесник на СП во Бразил, и со Катар, кои треба да се играат на крајот од месецов.
На врвот на листата и натаму се наоѓа Шпанија, која е наш противник во квалификациите за ЕП 2016 година. Зад неа се репрезентациите на Германија и на Португалија. Со скок од две места, Бразил се најде на четвртото место и сега е најдобра јужноамериканска репрезентација. Следуваат Колумбија, Уругвај, Аргентина, Швајцарија, Италија и Грција.
Од нашите противници во квалификациската група за ЕП 2016, покрај Шпанија, Украина е на 17. место, Словачка е 46., додека Белорусија и Луксембург се зад нас, односно на 83. и 112. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.