| четврток, 6 декември 2018 |

Аспиринот не се препорачува за превенција на болестите на срцето

effervescent-tablets

Американската Агенција за лекови и храна (ФДА) предупреди да не се зема аспиринот како превенција за болести на срцето бидејќи може да предизвика крвавење во мозокот и во желудникот.

Во соопштението на ФДА се наведува дека пациентите  може да пијат аспирин само ако доживеале срцев удар, а континуираната употреба не се препорачува за оние кои досега немале проблем со кардиоваскуларните заболувања.

Лекот не се препорачува на оние кои се во ризична група.

Компанијата „Баер АГ“ сакаше да го декларира аспиринот како лек за превенција од срцев удар и за оние кои немаат тегоби со срцето и со крвните садови, но ФДА издаде забрана. Потоа следуваше ова соопштение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top