| четврток, 6 декември 2018 |

Графики и скулптури на Дали во Скопје

Изложбата „Салвадор Дали – графики и скулптури“  е поставена  во галеријата „Остен“. Овој уметнички настан е во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, но и по повод 25-годишнината од смртта на големиот шпански уметник. На изложбата „Остен“ ќе презентира дел од својата колекција, која го има потписот на Дали. Конкретно, македонската јавноста ќе има можност да види 14 графики, еден цртеж и две скулптури изработени од сестраниот мајстор – сликар, скулптор, графичар и дизајнер, чијашто извонредност, креативност и ексцентричност секогаш ќе претставува репер за уметноста на 20 век.

Изложбата, која за посетителите ќе биде отворена до 27 мај (од 10 до 17 часот секој работед ден и од 10 до 13 часот во сабота), е во организација на „Остен уметност на хартија“, а во соработка со делегацијата на Европската унија, Општина Центар и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top