Македонската ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија големи почести од Европската куќа на ракометот ЕХФ со тоа што им е доверено да го судат финалето на ЕХФ купот.
Финалето се игра во Берлин на фајнал-фор турнир идниот викенд. ЕХФ купот е второ по ранг натпреварување во Европа веднаш зад Лигата на шампионите.
Во полуфиналето се среќаваат Монпелје со Констанца и Фуксе Берлин со ПИК Сегед.
За романскиот тим Констанца настапува македонскиот интернационалец Бранко Ангеловски, на клупата е поранешниот селектор на Македонија Звонко Шундовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.