Кризата на средните години по сѐ изгледа многу ја погоди Хајди Клум, па членката на жирито „Америка има талент“ во последно време често се
забавува, позира во топлес и на сите им покажува колку е вљубена во нејзиното 13 години помладо момче, пишува „Радар онлајн“.
– Нејзиното опијанување и непристојно однесување ја доведоа до тоа сега и речиси да нема пријатели. Поминува низ кризата на средните години поради што речиси е невозможно да се комуницира со неа. Хајди поголемиот дел од минатата година го помина забавувајќи се. Би требало малку да застане и да се соочи со тоа што ја загрижува – откри изворот.
Причината за нејзиното однесување, наводно, е раскинувањето на 18-месечната врска со нејзиниот поранешен телохранител Мартин Кристен. Но, славната убавица не губеше време и набрзо се најде во прегратките на Вито Шнабел (27), кој одеше со славната актерка Деми Мур.
Изворот наведува дека поради сето тоа Хајди не поминува многу време со нејзините четири деца.
– Откако се појави Вито, децата времето го поминуваат главно со дадилката – откри изворот.
Освен тоа, Хајди многу ја погодило тоа што веќе не е толку многу популарна како што била.
– Почна да го губи почитувањето и воодушевувањето кое го имаше како госпоѓа Сил – откри изворот за „Радар онлајн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.