| четврток, 6 декември 2018 |

Трансформациите на Хајди Клум на „Ноќта на вештерките“ (галерија)

Моделот Хајди Клум е навистина кралица на костимите на „Ноќта на вештерките“.

Таа сериозно ја сфаќа својата трансформација за време на празникот. Ова е евидентно од нејзините костими од 2000 до денес.

Од црвенокоси вештерки и библиски змии до божицата на Хиндусите, на Хајди и нема рамна кога станува збор за „Ноќта на вештерките“.

 
Таа оваа година на својата забава се појави во маска на врколакот од спотот за песната „Трилер“ на Мајкл Џексон. Клум оваа маска ја осмислувала повеќе од еден месец за секој детаљ да изгледа совршено, исто како во спотот, а шминкањето за маската траело цели шест часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top