| четврток, 6 декември 2018 |

Боб Гелдоф – еден месец по погреб на ќерка му, реши да се жени

гелдоф

Музичарот Боб Гелдоф неполн месец откако ја закопа својата 25-годишна ќерка Пичиз Гелдоф, ја побара за жена својата долгододишна девојка Џин Мерин.

Боб и неговата вереница Џин Мерин се надеваат дека ваквиот чекор малку ќе им ги одврати мислите  и на Гелдоф ќе му помогне полесно да ја преброди трагедијата со трагичната смрт на неговата прерано почината ќерка.

Според наводите на странските медиуми Џин Мерин со која познатиот музичар и прославен хуманитарен активист се забавува полни 18 години, и се доверила на една своја пријателка дека конечно е побарана за жена.

– Таа е пресреќна и сите и сите се надеваат дека среќната вест конечно ќе ја разведри тешката состојба во семејството по трагичната смрт на ќерката на Боб, Пичиз Гелдоф – наведува изворот близок до Џин.

Џин има 49 години а со Боб се запознале на една вечера во Париз, каде Гелдоф заминал по разводот од сега исто така покојната Пола Јејтс, со која покрај покојната ќерка Пичиз има уште две  деца: Фифи (31) и Пикси (23)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top