Боб и неговата вереница Џин Мерин се надеваат дека ваквиот чекор малку ќе им ги одврати мислите и на Гелдоф ќе му помогне полесно да ја преброди трагедијата со трагичната смрт на неговата прерано почината ќерка.
Според наводите на странските медиуми Џин Мерин со која познатиот музичар и прославен хуманитарен активист се забавува полни 18 години, и се доверила на една своја пријателка дека конечно е побарана за жена.
– Таа е пресреќна и сите и сите се надеваат дека среќната вест конечно ќе ја разведри тешката состојба во семејството по трагичната смрт на ќерката на Боб, Пичиз Гелдоф – наведува изворот близок до Џин.
Џин има 49 години а со Боб се запознале на една вечера во Париз, каде Гелдоф заминал по разводот од сега исто така покојната Пола Јејтс, со која покрај покојната ќерка Пичиз има уште две деца: Фифи (31) и Пикси (23)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.