Единствен проблем на тутунопроизводителите во лакавичкиот крај е наводнувањето на површините под тутун. Велат дека доколку некако се успее да се донесе вода од браната Мантово, тогаш уште повеќе ќе се ориентират кон одгледување на оваа индустриска култура и ќе го зголемат производството.
Лани тутунот во штипско беше застапен на 185 хектари, најмногу во селата од потплачковичкиот регион. Од година во година поттикнати од субвенциите, тутунопроизводителството зема замав и во лакавичко.
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство почна евидентирањето на планираното производство. Без евидентни листови, тутунарите не ќе можат да склучат договори за откуп, а површините кои планират да ги засадат со тутун, треба да ги пријават до крајот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.