| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот „Наоди“ на Венециското биенале за архитектура

На овогодинешното венециско Биенале за архитектура, македонскиот национален претставник – проектот “Наоди“, ќе е дел од престижниот историски комплекс Арсенале (“Arsenale”). Покрај триесетидвете држави кои имаат сопствени (трајни) павилјони во локалитетот Џардини (“Giardini”), во Арсенале, ќе се и најголемиот број на национални павилјони, учесници на Биеналето.

Македонскиот павилјон ќе биде во старата оружарница (“Sala d’Armi”), комплекс од неколку взаемно поврзани објекти, поставени централно, и пристапни од главниот централен плоштад кој се формира на пресекот на двата (нај)долги објекти – “Corderie” и “Artiglerie”. Комплексот објекти на старата оружарница нуди извонредни услови за изложување, како во локациска, така и во просторна смисла. Најголемиот дел од објектите на старата оружарница беа подложени на обемен реставрациски потфат во текот на 2011 година, така, денес, се во автентична состојба, и технички осовременети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top