| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виенскиот музеј „Леополд“ беа облечени само службениците и претставниците на медиумите

Изложбата „Голи мажи“ е прогласена за полн погодок, бидејќи повеќе од 300 лица, без гардероба ја посетиле изложбата

hi-leopold-nude-cp-04012890-8col

Вечерта посветена на нудистите била организирана во музејот „Леополд“ во Виена, по бројните барања на здруженијата на нудисти. Инаку, изложбата „Голи мажи“ прикажува околу 300 уметнички дела кои потекнуваат од изминативе два века на кои се гледаат акти на мажи.

-Млади и постари мажи, како и млади и зрели жени шетаа голи низ музејот, наведуваат во соопшетнието на оваа институција која ги повика сите заинтересирани натуристи да ја посетат изложбата без облека.

Пкрај однапред резервираните разгледувања на изложбата, поради големото интересирање, музејот организирал и водич на секој половина час, за сите оние кои таа вечер одлучиле да ја посетат изложбата.

Температурата од 21 и 22 степени целзиусови воопшто не им пречела на посетителите, кои не биле само од Австрија, туку и од Германија, Словачка и Русија.

Во текот на вечерта во музејот облечени биле само службениците кои се тука редовно вработени, како и големиот број претставници на медиумите.

Една група посетители била воодушевена од изложбата до таа мера што одлучиле без облека и покрај зимските температури, да излезат од музејот за да се сликаат пред скулптурата на „Мистер Биг“, дело на уметницата Илза Хајдер, која се наоѓа надвор од музејот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top