
Со филмот Човекот од слама“ на Волфанг Стауте (Германска кинотека) од понеделник, 5 мај ,почнува филмската програма по повод 70. – Конгрес на ФИАФ кој ќе се одржи во Скопје во организација на кинотека на Македонија.
За време на петте денови додека траат проекциите ќе се прикажуваат многу филмови од 22 кинотеки од цел цвет и сите тие се однесуваат на Првата светска војна. Дел од овие филмови за првпат се прикажуваат по стотина години и се извонредно вредни архивски материјали, додека играните филмови се врвни филмски остварувања.
Дел од немите филмови ќе бидат со проследени со музичка изведба на Јоаким Беренц, Бојан Маротов, Благој и Бојан Маротови, и се со превод на македонски јазик.
Свеченото отворање на Конгресот е на 4 мај во 19.30 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а на отворањето ќе говорат: Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија и Ерик ле Роа, претседател на ФИАФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


