Британскиот принц Хари раскина со својата девојка Кресида Бонас и покрај многубројните навестувања во медиумите дека тие двајцата, набргу, ќе ја објават својата свршувачка.
Хари и младата Кресида Бонас беа неразделни во изминатите месеци дозволувајќи им на фоторепортерите да ја фотографираат нивната блискост во разни пригоди и на разни јавни места, а кога во минатиот месец, младата двојка се појави првпат заедно на еден официјален настан, почна да се навестува дека младиот принц набргу ќе ја соопшти својата свршувачка.
Луѓе блиски на младата двојка, за весниците во Лондон, сега изјавуваат дека токму таа вест за наводното озаконување на нивната врска беше последната сламка за љубовната врска на Хари и на Кресида.
Овие извори тврдат дека токму прашањето околу свршувачката и бракот било тоа околу кое тие двајцата не се согласувале.
Пријателки на Бонас тврдат дека таа од почетокот имала проблем да се снајде со улогата на принцеза во очекување, како и со вниманието што ѝ се придава, сама или кога е заедно со Хари.
Не е мал бројот на нивни пријатели што тврдат дека разделбата е само привремена и значи „земање здив пред да се донесат важните решенија“.
Овие извори велат дека принцот и Кресида го прават истото тоа што го направија неговиот брат, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои, исто така, се разделија повеќе месеци, пред да соопштат дека ја обновиле врска, што заврши со свршувачка, а пред три години и со брак.
Принцот Хари се појави денеска на една воена свеченост не покажувајќи ниту малку вознемиреност, а медиумите објавија дека тој сам ќе патува во САД, на свадбата на еден тамошен пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“
-
Објавени првите фотографии од филмот: „Меган и Хари: Кралска романса“ на 13 мај на ТВ (галерија)
-
Првпат заедно во јавност: Принцот Хари и неговата идна принцеза се вест на неделата (галерија)
-
Меган ќе оди на свадба кај Пипа, но под еден услов