| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат заедно во јавност: Принцот Хари и неговата идна принцеза се вест на неделата (галерија)

Веќе неколку месеци медиумите внимателно го следат британскиот принц со американската актерка, но тие веќе не се кријат!

165939_profimedia0331497173_ff-e1494316732119

Уште откога беше објавено дека синот на Леди Дијана и принцот Чарлс падна на шармот на ѕвездата од серијата Suits Megan Markl, папараците од двете страни постојано ја следеа среќната двојка.
До сега претставниците на медиумите само еднаш успеаја да ги забележат заедно – за време на една прошетка и романтична вечера. Сепак, со оглед на фактот дека нивната врска стана јавна и дека Хари веќе зборуваше за истата, тие одлучиле заедно да се појавуваат на јавните собири.

165937_profimedia0331496690_ff-e1494316709684

Така, Меган пред неколку дена беше меѓу навивачите на својот сакан на поло натпревар во Аскот – и потоа го награди со страсна прегратка!

165941_profimedia0331580439_ff-e1494316774528

Принцот Хари, всушност, настапуваше на еден ексклузивен поло натпревар пред голем број познати гости, меѓу кои беа и Еди Редмајн и Мет Смит.

img-333689

Неговата избраничка изгледаше прекрасно во син фустан, комбинацијата ја надополни  со бело палто и постојано беше со насмевка на нејзиното лице.

Откако заврши натпреварот, Меган и Хари разменуваа нежности несвесни за љубопитните погледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top