Три дена пред датумот за породување, почина бебето кое го носеше сопругата на српскиот премиер Александар Вучиќ.
Срцето на малата Нева, како што би и било името, според српските медиуми, неочекувано престанало да чука. Иако семејството Вучиќ со месеци го исчекуваше најрадосниот момент, им се случи трагедија која не може да се опише со зборови.
Медиумите во Србија објавувајќи ја оваа вест упатија и сочуство до семејството на премиерот и ветување дека нема да го вознемируваат семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


