| четврток, 6 декември 2018 |

Се роди животно – половина зебра, половина магаре (фото)

Во зоолошката градина Рејноса во Северно Мексико се роди Кумба, половина зебра, половина магаре.

Мајката на Кумба е зебрата Раја, а таткото е магарето Игнацио. Од зоолошката градина велат дека Кумба е редок вид животно, бидејќи хромозомите на зебра и магаре, по правило, не се компатибилни.

Но сите се надеваат дека во овој случај мајката природа направила добар спој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top