| четврток, 6 декември 2018 |

Носителката на СДСМ во ИЕ1: Законот вели дополнителни избори за испразнетите пратенички места

renate deskoska 1 (Custom)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш по завршувањето на изборниот молк во неделата излезе со став дека СДСМ нема да ги прифати изборните резултати. Тоа отвори многу дилеми. Дали ќе се прегласува само за пратеничките места на СДСМ, доколку ниту еден од таа листа не го прифати пратеничкиот мандат, или ќе се гласа за сите пратенички места.

Уредникот на „Плусинфо“, Бранко Геровски, еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, на својот профил објави статус:

ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ? Член 152 став 1 од Изборниот законик е јасен: „На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако (алинеја прва) поднесе оставка“. Следниот, член 153, во ставот 1, утврдува дека „ако на пратеник… му престане мандатот според основите од членот 152…, тогаш за остатокот на мандатот пратеник станува НАРЕДНИОТ КАНДИДАТ ОД ЛИСТАТА“. Ако овој не прифати, правото се пренесува на следниот на листата итн. Според член 154, ако на листата веќе нема кандидати и ако се исцрпени основите за стекнување мандат од членот 153, СЕ РАСПИШУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА ВО КОЈА Е ИЗБРАН ПРАТЕНИКОТ“. Во дебатите, законот погрешно се цитира, па се вели дека „според Изборниот законик, доколку сите кандидати на листата ги одбијат пратеничките мандати, тогаш се распишуваат дополнителни избори САМО ЗА ВРАТЕНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТИ“. Во законот не пишува „САМО ЗА ВРАТЕНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТИ“.

Но, носителката на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ1, Рената Дескоска, која воедно беше и претставник на СДСМ во подготовката на измените на Законикот, за порталот на Геровски вели дека ДИК ќе мора постојано да ги нуди мандатите, односно кога ќе дојде до крај на листата, пак треба да тргне од почеток. Законикот предвидува распишување дополнителни избори за испразнетите пратенички места, но ако се исцрпени основите за стекнување мандат, а тоа е во случај на оставка на пратеникот, казна затвор подолга од пет години, лишеност од деловна способност, но не е спомената ситуација во која не се верификува мандатот поради непризнавање на изборните резултати.

Истиот став го има и професорот Љубомир Фрчкоски, кој исто така важи за човек на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top