Во желбата да се оцрни изборниот процес и да се прикаже за нерегуларен, порталите блиски до СДСМ лиферуваа повеќе вести со бомбастични наслови за евентуални изборни нерегуларности, а притоа за доказен материјал посочуваа повеќе фотографии и видеа, кои доколку се погледнат прецизно ќе се забележи дека немаат апсолутно никаква врска со изборни нерегуларности и не докажуваат ништо.
Прикажан е човек како се движи нормално по улица во близина на гласачко место, според СДСМ ова е нерегуларност и затоа СДСМ загубил со преку 200.000 гласови разлика.
Доказниот материјал како што го нарекуваат порталите блиски до СДСМ се, всушност, банални фотографии на паркирано празно комби, кое не може да се идентификува каде е, всушност, паркирано, луѓе на клупа, кои во рацете држат некаква хартија што, според порталите, било доволен доказ дека тие евидентирале гласачи, па се отиде до таму да се кажува дека залепени два плаката во близина на некое училиште Росоман биле круцијален дока за нерегуларност.
Па така, откако се потрошија фотографиите на кои се гледа се, само не изборна нерегуларност, се продолжи со лиферување на вести непоткрепени со никакви пропратни материјали и со скандалозни натписи дека има семејно гласање, контрола на гласачките места, се развезувал гласачки материјал и слично. Но, доказите никаде ги нема. И токму поради ваквите баналности СДСМ изгубил со над 200 000 гласови.
Во продолжение ви прикажуваме низа материјали што најпрво порталите блиски до СДСМ посочуваа дека се нерегуларност, а потоа истото тоа беше прикажано и од говорницата на СДСМ од страна на Маринела Тушева. Материјалите поради неиздржаноста наидоа на огромен потсмев на социјалните мрежи.
Прикажано е паркирано празно жолто комби пред објект за кој точно не се знае ни што всушност преставува. За СДСМ, ЦИВИЛ и Либертас тоа биле гласачи од Пустец и тоа е причина зошто СДСМ загуби со преку 200.000 гласови разлика.
Во друг посебен прилог се обвинува дека aвтомобили развезувале гласачи во Шутo Оризари, а за есенцијален доказ е прикажана посебна фотографија на која се гледа само како на изнемоштено лице му се помага да излезе од автомобил. Од самата фотографија не може да се заклучи ни дали воопто се работи за локација пред гласачко место, а уште помалку дека се работи за организиран превоз на гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.