| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на макети, минијатури и диорами во Музејот на македонската борба

muzej vmro (1208)

Денеска, на  29 април, во 12.00 часот, во Музејот на македонската борба  ќе биде отворена изложба на макети, минијатури и на диорами изработени од макетари од Скопје и од Тетово. На изложбата за првпат ќе бидат изложени стотина макети  на  воени  воздухоплови  и  борбена  оклопна  техника  на  модели  кои потекнуваат од Првата светска војна, Втората светска војна, па сè до денес, како и воени орудија на Армијата на Република Македонија.

Автори на макетите се Драган Цветиќ,  Славчо  Георгиевски,  Александар  Стојановски,  Михајло  Ивановски,  Душко Кировски и Бојан Јанковски.
Изложбата  која  се  организира  во  соработка  со  Музејот  на  македонската борба  ќе  ја  отвори  командантот  на  военото  воздухопловство,  полковник  Кире Колевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top