| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Нома“, најдобриот ресторан на светот на Македонецот Реџепи, дегустација на храна чини 300 долари

noma

Ресторанот „Нома“ на Македонецот Реџеп Реџепи, кој се наоѓа во Копенхаген, Данска, е прогласен за најдобар ресторан на светот. Реџепи е заслужен за тоа што иноватиовниот дански ресторан се наоѓа на листата на најдобри на светот.

Во ресторанот „Нома“ гостите може да уживаат во нордиска кујна, но и во деликатесите од блиската шума и од брегот како што се полжави, мов, бакалар… Овој ресторан на Реџепи, кој има македонско потекло, три години е на првото место на најдобри ресторани во светот. Минатата години таа титула му ја одзеде шпанскиот ресторан „Ел Целер де Кан Рока“, но Реџепи и неговиот тим најдоа начин преку стомакот да го освојат срцето на сите гости и на жири-комисијата и повторно да бидат на врвот.

„Нома“ се наоѓа на брегот на Копенхаген, има две Мишелин ѕвезди, 45 места за седење и секојдневно имаат најмалку по илјада резервации.

Кога гостите ќе дојдат во ресторанот, им се нудат 20 мали чинии на кои има вкусна, но не баш препознатлива храна. Дегустацијата чини 296 долари, а ако нарачате и вино, ќе платите дополнителни 185 долари.

Листа на најдобри ресторани во светот:

1. Нома, Копенхаген, Данска

2. Ел Целер де Кан Рока, Џирона, Шпанија

3. Остерија Франческана, Модена, Италија

4. Елевен Медисон Парк, Њујорк, САД

5. Динер бај Хистон Блументал, Лондон, Велика Британија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top