Со своите 22 одбрани против Фленсбург, колку што му избројаа од ЕХФ, Петар Ангелов беше играчот на колото во првиот круг од четврт-финалните мечеви.
– Иако Вардар не стигна до крајната цел, задоволството е големо бидејќи и германските гиганти се запознаа со силата на Вардар, и она што во иднина ги очекува доколку повторно се сретнат меѓусебе. Пет бода во четири натпревари против Хамбург и Фленсбург покажува дека формата на Вардар е во нагорна линија, исто како што и Ангелов е еден од носителите на играта на одбраната – велат од Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.