| четврток, 6 декември 2018 |

Германија со еден ракометар, Македонија со четворица на Ф4 во ЛШ

Македонија, пак, покрај Вардар како тим, индивидуално ќе има четири претставника – Стојанче Стоилов и Петар Ангелов (Вардар), како и Кире Лазаров и Борко Ристовски (Барселона).

Ракометните фанови ги дознаа полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, македонскиот првак Вардар ќе игра против Барселона, а ПСЖ ќе ги одмери силите против Веспрем. Но, могу поинтересно е што во Келн домашната публика нема да има свој миленик затоа што првпат по воведувањето на овој формат на Ф4 турнирот нема да има германски тим.

Кил и Флензбург беа елиминирани од Барселона и Вардар и затоа Германците нема да имаат свој тим на завршницата. Единствен претставник на Германија ќе биде ракометарот на ПСЖ, Уве Генсхајмер. Тој е единствениот Германец кој ќе истрча на теренот на „Ланксес” арената во Келн.

Македонија, пак, покрај Вардар како тим, индивидуално ќе има четири претставника – Стојанче Стоилов и Петар Ангелов (Вардар), како и Кире Лазаров и Борко Ристовски (Барселона).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top