| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов се повлече од репрезентацијата

SG Flensburg-Handewitt vs HC Vardar Skopje

Голманот на Вардар, Петар Ангелов објави дека се повлекува од репрезентацијата на Македонија.

Ангелов веста за повлекувањето од националниот тим ја објави на својот профил на Фејсбук.

„Почитувани ракометари, колеги, навивачи, роднини, пријатели, новинари…
По повеќе од 20 години репрезентативен стаж почнувајќи од младинските па се до сениорската репрезентација, и повеќе од година и пол размислување, мислам дека едноставно дојде време да го соблечам дресот со државниот грб.

Дадов се за Македонија, секогаш со срце сум настапувал за единствената земја која ја сакам, и горд сум на се што направив, а се надевам дека и сите Вас барем еднаш со моите одбрани сум Ве направил среќни.

Да бидам искрен, фејсбукот не е мој терен, па наместо лајкови, многу повеќе ќе ми значи Вашето присуство на прес конференцијата која наскоро ќе се одржи, а на која ќе Ви се заблагодарам на сите за сите овие прекрасни години и заеднички да им посакаме успех на нашите репрезентативци на квалификациониот турнир за олимписките игри во Рио.

Со срце за Македонија
Петар Ангелов Диви”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top