| четврток, 6 декември 2018 |

„Рејтинг“ овојпат погоди, ама не објави

anketaАгенцијата „Рејтинг“ на Ѓорги Спасов ги предвиде резултатите од вчерашните предвремени парламетарни и од вториот круг од претседателските избори, но истите не ги објави во пресрет на изборите на кои ВМРО-ДПМНЕ победи убедливо со 200.000 гласа пред СДСМ, а Иванов со огромно мнозинство беше реизбран за шеф на државата.
Алсат-М денеска објави анкета на агенцијата „Рејтинг“, чии прогнози, за разлика од првиот круг од претседателските избори, во голема мера кореспондираат со резултатите од Државната изборна комисија.

Останува нејасно зошто „Рејтинг“ не се реши овие резултати да ѝ ги претстави на јавноста во пресрет на изборите, туку, како што велат од Алсат-М, да ги достави до јавноста еден ден пред изборите, по што анкетата не е објавена поради законската забрана за објавување анкети пет дена пред денот на гласањето.

slika1

За разлика од катастрофалното утнување во првиот круг од претседателските избори, „Рејтинг“ сега прогнозираше дека Ѓорге Иванов во вториот круг ќе освои 57,1 отсто, а според резултатите од ДИК тој освои 57,2 проценти. За Стево Пендаровски, предвидувањето беше дека тој ќе освои 42,9 отсто, а резултатите од ДИК покажуваат дека опозицискиот кандидат освои 42,8%.

slika_2
За парламентарната трка, „Рејтинг“ предвиде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 43%, СДСМ – 29,6 отсто, ДУИ – 12,3 проценти, ДПА – 5,9%, ГРОМ – 2,8% и НДП дека ќе освои 1,9 отсто од гласовите. Податоците од ДИК покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ освои 44,3%, СДСМ доби поддршка од 26,4%, ДУИ – 14,0 проценти, ДПА освои 6,2% од гласовите, ГРОМ – 3,0%, а НДП доби 1,6 отсто.

Оваа анкета на агенцијата на Ѓорги Спасов, кој е поранешен генерален секретар на СДСМ, го фрла во вода тврдењето на опозицијата за голем изборен грабеж. Според истражувањето на „Рејтинг“, станува збор повеќе за така формирано изборно расположение и воедно со оваа анкета „Рејтинг“ и Ѓорги Спасов, за разлика од Заев и СДСМ, ги признаваат вчерашните изборни резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top