На 29 април, вторник, (12 часот) во Музејот на македонската борба ќе биде отворена изложба на макети, минијатури и диорами изработени од макетари од Скопје и од Тетово.
На изложбата првпат ќе бидат изложени стотина макети на воени воздухоплови и борбена оклопна техника на модели кои потекнуваат од Првата светска војна, Втората светска војна, па сè до денес, како и воени орудија на Армијата на Република Македонија.
Автори на макетите се Драган Цветиќ, Славчо Георгиевски, Александар Стојановски, Михајло Ивановски, Душко Кировски и Бојан Јанковски.
Изложбата која се организира во соработка со Музејот на македонската борба ќе ја отвори командантот на военото воздухопловство, полковник Кире Колевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.